Хрватот Иван Додиг и Словакот Филип Полашек ја освоија својата прва гренд слем титула заедно, откако доминираа за 6:3/6:4 победа над актуелните шампиони Раџив Рам и Џо Селисбјури на Австралија опен.
Додиг и Полашек беа толку супериорни, што противниците не стигнаа ниту до брејк поен, а титулата е посебно драгоцена за Полашек, кој се врати од пензија во 2018 по проблемите со повредата на грбот, а пред само два дена по вторпат стана татко, откако доби ќеркичка.
„Откако почнавме да играме заедно пред една и пол година, уживаме заедно. Се забавуваме и се надевам дека ќе продолжиме. Одлично е што Филип сега има гренд слем титула“, вели Додиг.