Интер очекуваат 120 милиони евра за Лукаку!

Интер очекуваат 120 милиони евра за Лукаку!

пред 3 години

Откако трите понуди на Челси, од која последната од 100 милиони евра, беа одбиени, Интер дале сигнал дека се подготвени да го продадат Ромелу Лукаку, но за сума од 120 милиони евра, тврди порталот „Гол“.

Интер ја одбија понудата која предвидуваше и Маркос Алонсо да заврши во Интер, бидејќи имаат повисока проценка на вредноста на белгискиот напаѓач, а исто така не сакаат да има „трампа“ на играчи. Интер би сакале да го заддржат Лукаку, но понуда од 120 милиони евра би била невозможна да се одбие посебно поради финансиските проблеми на „нераѕурите“.

Самиот Лукаку изјави дека е подготвен за нова сезона со италијанскиот шампион, и се верува дека ужива на „Сан Сиро“, но од друга страна е свесен за проектот на Томас Тухел и статусот на европски шампиони на Челси

Share
Scroll to Top