Бугарскиот министер за одбрана, Красмир Каракачанов тврди дека македонската политичка елита генерирала голема омраза кон Бугарите.
Во интервју за БНТ тој рече дека репресијата и притисокот врз Бугарите во Македонија се интензивирале, вклучително и од високи владини претставници.
Бугарскиот министер вели дека не гледа причина зошто претседателот на САД, Џо Бајден или некој друг би требало да поддржува ваква политика.
Каракачанов смета на ЕУ не и е потребен нов проблем, каков што е Македонија.
„Во ЕУ има доволно проблеми. Нов проблем на Балканот, ако не се реши на нормален начин, не му е потребен никому, додаде Каракачанов.
Тој вчера најави и дека во следните месеци кога во Софија повторно ќе се отвори прашањето за влез на Македонија и Албанија во Унијата, можно е да предложи двете земји да бидат одвоени, за Албанија да не биде закочена.