Роналдо прв со над 25 гола во 14 сезони во низа, Јуве го „прегази“ Кротоне

Роналдо прв со над 25 гола во 14 сезони во низа, Јуве го „прегази“ Кротоне

пред 4 години

Кристијано Роналдо и Јувентус не дозволија нова „сопка“ на „бјанконерите“ во Серија А, стигнувајќи до рутинска 3:0 победа, откако Португалецот постигна два гола во првото полувреме за да постави необичен голгетерски рекорд.

Иако сезоната е некаде на половина, Роналдо стигна до бројката од над 25 гола оваа сезона, со што неверојатна 14-та сезона по ред има ваков успех, покажувајќи постојаност со која малку фудбалери во историјата можат да се пофалат.

Иако имаше едно лошо промашување измеѓу двата гола, Роналдо во 38. и во 45. минута од мечот донесе предност од 2:0 за Јуве, која подоцна Вестон Меккени ја зголеми на 3:0 во 66. минута.

Со трите поени, Јуве се искачи на третото место на табелата со 45 поени, четири зад второпласираниот Милан и осум зад лидерот Интер, но со натпревар помалку.  Кротоне останува последнопласиран по пет порази во низа со 12 поени, осум од безбедната зона.

Share
Scroll to Top