Реал се намачи со Асвел, Ефес го „торпедираше“ ПАО

Реал се намачи со Асвел, Ефес го „торпедираше“ ПАО

пред 3 години

Реал Мадрид успеа да извлече 74:71 победа на гости кај Асвел Лион во 31. коло од Евролигата, за да го подобрат скорот на 18-13 во последната „рунда“ од регуларната сезона.

По битката во второто полувреме, Алберто Абалде постигна тројка на 53 секунди предност за да ги однесе Реал на шест поени предност. Норис Кол со две слободни го врати францускиот клуб во игра, пред Треј Томпкинс да ја обезбеди победата на „кралевите“.

Томпкинс беше најдобар во тимот на Пабло Ласо со 13 поени, Николас Лапровитола додаде 12, а Абалде 11, додека Асвел и покрај 18-те поени на Кол, го доживеаја четвртито пораз во низа за 12-18 скор. Реал со победата ја прекина лошата низа од два порази едноподруго и остануваат во добра позиција за плејофот.

Ефес пак, се блиску до плејофот, откако со 85:65 ги „уништија“ Панатинаикос предводени од фантастичниот Василије Мициќ, кој заврши со 21 поен, 4 скока и 7 асистенции. Брајант Данстон додаде 15 поени за Ефес, додека Марио Хезоња беше лидер на ПАО со 14 поени.

ЕВРОЛИГА, 31.КОЛО

ЦСКА Москва – Црвена звезда 87:72 (31:19, 19:20, 21:20, 16:13)

Анадолу Ефес – Панатинаикос 85:65 (24:11, 19:12, 17:16, 25:16)

Жалгирис Каунас – Макаби Тел Авив 81:88 (26:18, 14:20, 23:26, 18:24)

Асвел Лион – Реал Мадрид 71:74 (23:20, 14:12, 14:24, 20:18)

Валенсија – Баерн Минхен 83:76 (26:19, 20:14, 12:30, 25:13)

Share
Scroll to Top