Португалија ја победи Франција – Хрватска остана без пласман на ОИ во Токио

Португалија ја победи Франција – Хрватска остана без пласман на ОИ во Токио

пред 3 години

Ракометната репрезентација на Хрватска остана без пласман на Олиписките игри во Токио. Квалификацискиот турнир во Франција имаше драматичен расплет. Хрватска, во последното коло, го победи Тунис со 30:27, а за пласман во Токио им требаше победа на Франција над Португалија.

Фрнцузите, одлично влегоа во натпреварот, имаа предност од осум гола, во раната фаза од првото полувреме. Португалците полека се враќаа во мечот, а последните десет минути се израмнија со противникот.

Драмата кулминираше во последните секунди, Силва постигна гол за победа на Португалија на две секунди до крајот, Франција потоа постигна гол кој удиите го поништија бидејќи времето беше истечено.

На крајот Португалците со солзи во очите ја прославија победата 29:28, која му ја посветија на починатиот голман Алфредо Кинтана.

Покрај Франција и Португалија, од останатите квалификациски турнири пласман во Токио изборија Германија, Бразил, Норвешка и Шведска.

Share
Scroll to Top