Никогаш поедноставен чоколаден чизкејк.
За подготовка на овој колач потребни се 15 минути.
Состојки:
- 200 гр пченкарни снегулки
- 600 гр нутела
- 300 гр крем сирење
Подготовка:
Измешајте пченкарни снегулки со 200 гр намаз. Снегулките можете да ги оставите цели или да ги иситните во блендер.
Во калап распоредете ја смесата и добро притиснете. Крем сирењето добро разматете го, па ставете го остатокот од намазот. Соединете. Ставете фил преку кората. Покријте со проѕирна фолија и ставете во замрзнувач преку ноќ.
Извадете половина час пред сервирање и украсете по желба.