Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, по поразот на неговиот тим од Реал (0:1), рекол дека Аталанта мора да победи во реваншот доколку сака да се пласира во четврт-финалето. Аталанта, против Реал, од 17.минута играше со фудбалер помалку на теренот.
Гасперини не го криел разочарувањето од начиниот на кој судијата Штилер го водел натпреварот.
„Го уништи натпреварот. Можеби ќе бевме поразени од Реал, но добро ќе беше да ни дозволеа да играме. УЕФА ќе ме суспендира доколку кажам нешто, но…Не можеме да имаме судии кои никогаш не играле фудбал и кои не разликуваат дуел од фаул. Ако не ја знаеш разликата, тогаш оди и работи нешто друго. Подобро им е за судии да ангажираат луѓе што играле фудбал. Добија апсолутно се олеснета им е работата, а тие грешат, дури и когаги гледаат снимките. Толку долго чекаш еден ваков натпревар, а тогаш ќе дојде некој судија и ќе го упропасти. Не се жалам на резултатот, но барем можеа да не остават да ја играме нашата игра“, рекол Гасперини.
Реваншот во Мадрид, Реал и Аталанта ќе го одиграат за 20 дена.