Случајот со Мијалков е последниот пораз, на Мицкоски, истакна на денешната прес конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Единствената улога на докажаниот губитник Христијан Мицкоски како шеф на ВМРО-ДПМНЕ е да го одбрани криминалот и да ја спречи правдата“, рече Кузеска.
Според неа, сите обиди на Мицкоски да го одбрани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ се пропаднати.
„Со што пропадна и неговата главна задача за која што Мијалков и Груевски го поставија на чело на ВМРО-ДПМНЕ. Се што прави Мицкоски е да го заштити менторот од Будимпешта, Груевски, да ги заштити Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите останати сегашни и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, против кои се водат процеси пред надлежните судови“, рече Кузеска.
Додаде, дека сега, патот на правдата е чист и граѓаните како што рече се почесто ќе бидат сведоци на спроведена правда, но и на силен одговор од институциите кон сите кои се ставаат над Законот.