Залутан куршум оштети „ауди“ во Чаир

пред 2 години

Автомобил во Чаир вчера бил оштетен од залутан куршум.

„На 05.01.2022 во 16.00 часот во СВР Скопје, Т.К.(48) од Скопје пријавила дека во периодот од 31.12.2021 до 05.01.2022 на ул.„Кемал Сејфула“ зрно од огнено оружје го оштетило возилото „ауди“, сопственост на нејзиниот татко“, информираа од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top