(Во живо) Нова рекордна дневна бројка од 364 заразени

пред 4 години

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција информира дека се регистрирани 364 нови случаи на Ковид-19 во земјава. Филипче, соопшти дека заедно со Комисијата за заразни болести ќе предложат нови мерки за превенција од ширење на вирусот. „Бројот на новозаболени продолжува да расте секаде во светот. Речиси сите земји воведуваат нови мерки, есенскиот бран го зафаќа и регионот“, рече Филипче.

Share
Scroll to Top