И покрај документи и сведочења за скандалот Диво место надлежните остануваат неми, велат од ВМРО-ДПМНЕ

И покрај документи и сведочења за скандалот Диво место надлежните остануваат неми, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 5 месеци

Корупција, криминал, непочитување на законите и воопшто правните норми се одлика на Владата на СДС и ДУИ. Сето ова се гледа и во случајот Онкологија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, туку посочи и на нови и важни факти и околности. Самиот Извештај од ревизија укажува на низа неправилности како „информација за начинот и целта на реферирање/одобрување пред онколошки конзилиум не е писмено споделена па одделни лекари не ги реферирале воопшто лековите за новите пациенти и самостојно одлучувале за промена на терапија или започнувале нови тераписки режими“, потоа во истиот се вели и дека „во недостиг на официјални протоколи, пропуст е што листата со лекови од ФЗО со одобрени индикации за соодветни лекови не им е доставена писмено на лекарите како насока за препишување“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат, има Извештај од Државна ревизија, дополнително објавени документи од ВМРО-ДПМНЕ, сведочења на пациенти, нивни блиски, но надлежните остануваат неми.

„Нема никаков предмет за Онкологија, а во суштина нема никаква реакција, што остава простор за сомнеж дека криминалот се остава непречено да продолжи да тече. На сето ова наскоро ќе се стави крај! Едно е јасно, одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот И покрај документи и сведочења за скандалот Диво место надлежните остануваат неми, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top