198 санкционирани возачи во Скопје, 43 за брзо возење

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.2.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, од кои 11 за возење без возачка дозвола, 43 санкции за непочитување на брзината на движење, 3 за управување под дејство на алкохол, 4 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 5 мерки за користење мобилен телефон, 6 за некористење сигурносен појас, 72 за непрописно паркирање и 5 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top