Принцезата Латифа вели дека и нејзината сестра била киднапирана уште пред 20 години во центарот на Лондон и дека била мачена со камшици

Принцезата Латифа вели дека и нејзината сестра била киднапирана уште пред 20 години во центарот на Лондон и дека била мачена со камшици

пред 4 години

Принцезата Латифа ал Мактум, тврди дека нејзиниот татко учествувал и во киднапирањето на нејзината постара сестра Шемс, уште пред 20 години. Латифа го сврте вниманието на јавноста со објавените видео снимки, во кои таа тврди дека била држена како заложник во палатата на нејзиниот татко, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум.

Таа е таму уште од 2018 година, а во тој период успеала да сними неколку видео пораки и да објасни како таа и нејзината сестра биле измачувани. Потоа успеала видеата да ги проследи до британската полиција и медиуми. Латифа апелираше до полицијата да го истражи и киднапирањето на нејзината сестра. Последен пат Шемс била видена во улицата Кембриџ во центарот на Лондон.

Латифа тврди дека принцезата Шемс, која денес има 39 години, исто така е киднапирана по налог на нејзиниот татко, владетелот на Дубаи. За потсетување, минатата недела, „Би-би-си“, го сподели видеото кое го снимила Латифа. Таа тајно се снимила во едно од купатилата во палатата.

Таа се снимила со телефон и објаснила дека се плаши за нејзиниот живот и дека веројатно ќе биде затворена тука до крајот на нејзиниот живот и дека повеќе никогаш нема да ја види светлината на денот.

По оваа снимка, Обединетите нации побараа од Обединетите Арапски Емирати, доказ дека принцезата е жива. Латифа во писмото испратено до полицијата, ги замолила британските власти да направат нешто по прашањето за киднапирањето на нејзината сестра.

Писмото таа го напишала во февруари 2018 година, пред да успее да побегне од нејзиниот татко.

„Ве молам да го насочите вниманието на нејзиниот случај, затоа што тоа би можело да резултира со нејзино ослободување. Вашето внимание би моежло да ја ослободи. Таа многу ја сака Англија, нејзините најубави спомени се врзани од таму“, пишува во писмото, во кое таа ја опишува страшната судбина на нејзината сестра.

„Ја држат во изолација. Не се знае датумот на нејзиното ослободување, судење или обвинение. Ја мачат со камшикување по нозете“, додала Латифа.

Британската полиција првата истрага за киднапирањето на Шенси, ја покрена во 2001 година, но брзо потоа престанаа да истражуваат кога им било забрането да одат во Дубаи. Истрагата повторно била покрената во 2018 година.

„Се работи за многу комплексно и сериозно прашање и постојат детали во случајот во кои би било несоодветно да се дискутира во јавноста“, изјавиле за „Би-би-си“, од полицијата. Властите од Дубаи, не испратиле никакви одговори.

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, изјавил дека снимките од принцезата Латифа се длабоко загрижувачки, како и дека Велика Британија, многу внимателно го следи ова прашање.

Share
Scroll to Top