Македонија пред шанса за настап на СП во ракомет

Македонија пред шанса за настап на СП во ракомет

пред 3 години

Македонската ракометна репрезентација би можела да добие шанса за настап на Светското првенство во Египет, во случај селекцијата на САД го откаже своето учество.

Американците имаат 18 позитивни случаи на заразени играчи со коронавирус и тоа на ден пред официјалниот почеток на Мундијалот. Нивниот селекторот Роберт Хедин изјави дека ако е потребно ќе допатуваат во Египет и со 12 играчи, само да не го пропуштат Мундијалот.

Американците досега се немаат откажано, но доколку тоа се случи, Македонија е прва резерва.

Селекторот Хедин исто така е позитивен на коронавирус. Останува да се види како ИХФ ќе ја реши ситуација. САД се дел од групата Е на светското првенство а противници им се селекциите на Франција, Норвешка и Австрија.

 

Share
Scroll to Top