Европската фудбалска унија (УЕФА) ја разгледува можноста Евро 2021 да се организира само во една држава. Поради пандемијата на коронавирусот, која повторно се шири, УЕФА ќе го смени планот Европското првенство да биде организирано во 12 града на континентот.
Челниците на УЕФА размислуваат организацијата да ѝ биде доделена на Англија. Конечната одлука треба да ја донесат во април.
Евро 2020 ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули.
Пласман на ЕП избори и репрезентацијата на Македонија. Македонските фудбалери, според првично објавениот распоред, првите два натпревара треба да ги одиграат во Букурешт, против Австрија на 13 јуни и против Украина четири дена подоцна, а третиот натпревар во Амстердам, против Холандија, на 21 јуни.