Пејачката Наташа Беквалац го прослави третиот роденден на нејзината ќерка Катја. Таа сподели фотографии од нејзиниот дом, кој изгледа како во бајка, коментираат фановите.
С е украсено. Има балони, корнети, шатор и торта со името на славеничката. Дури и кучето носи капа со натпис „Среќен роденден“.
„Мојата Кети денес го слави третиот родеден. Денес за нас е голем ден. Екипата е подготвена и ја чекаме Кети да се разбуди“, напиша Беквалац под сликите.
Честитки за роденденот Кети доби и од нејзината тетка, сестрата на Нашата, Кристина.
„Кети моја, секогаш да останеш така своја, посебна преубава, паметна и да ја малтретираш мама како што таа ме малтретираше мене. Да знаеш дека твојот братучед ќе биде тука да чува секогаш“, напиша Кристина, и сподели фотографија од нејзиниот син Ное и Катија.