Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, откри дека пробала да се самоубие

Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, откри дека пробала да се самоубие

пред 6 години

Ќерката на познатите актери Брус Вилис и Деми Мур, Талула Вилис откри дека на 15 години пробала да се самоубие.Taa вели дека имала проблеми со исхраната и дека пробала да си го одземе животот пиејќи многу алкохол.

Талула откри и за периодот кој следел потоа, кој исто така бил трауматичен за неа. Таа откри и за жената која требало да се грижи за неа, но наместо тоа и оставила трауми за целиот живот.

„Имав суицидни мисли. Во поголем дел од времето се чувствував како болката да беше преголема за да продолжам понатаму. Се молев за спас од самата себе си. Јас си бев најголемата закана“, открива Талула.

„Жената која што требаше да ме чува како девојче, подоцна ме измами да живееме заедно. Кога се преселив ми го промени бројот на телефон и ми го превзема мејлот. Ми ги криеше сите пораки“; открива Талула, која објаснува дека никогаш не се има опоравено од тогаш.

„Во мојот живот ми беше доделена личност која требаше да направи јас да се чувствувам безбедно. Таа се грижеше за мене уште во основно школо. Подоцна во мојот живот сватив дека истата таа личност, која што требаше да се грижи за мене, била социопат. Таа ме измами да живееме заедно, а јас без приговори се вселив. За тие две години постојано живеев во страв кој што сè уште го чувствувам во стомакот“, изјавила Талула.

Ќерката на Брус Вилил вели дека не може да разбере како некој човек може да му направи такво нешто на дете кое имало толку многу болка во себе, кое што сакало само љубов, сигурност и простор да созрее.

 

Share
Scroll to Top