Емина Јаховиќ го тужи својот поранешен сопруг Мустафа Сандал затоа што 26 месеци не плаќал алиментација за синовите Јаман и Јавуз. Освен алиментацијата, Мустафа не ги платил трошоците за летувањето, изнајмувањето на возилата, како и платата за возачот.
Извор близок до поранешната двојка вели дека Мустафа требало да ѝ исплати на Емина 15.000 турски лири, односно околу 1.700 евра, а за децата требало да плати 10.000 лири, односно околу 1.300 евра.
„Мустафа не ги исполнил обврските заклучно со договорот што го направија кога ги решаваа прашањата за алментацијата и трошоците. Покрај тоа, тој не го платил ниту здравственото осигурување на децата“, вели изворот.
Тој открива дека Мустафа два месеца ги немал регулирано обврските поради пандемијата на коронавирусот. За потсетување, Мустафа и Емина се разведоа во 2018 година и во најголем дел од тој период трошоците паднале на грбот на Емина.