По силниот земјотрес од 7,3 степени во Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

По силниот земјотрес од 7,3 степени во Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

пред 4 години

Силен земјотрес со магнитуда од 7,3 степени е регистриран источно од Северниот Остров на Нов Зеланд околу 2,27 часот по локално време, соопшти сеизмолошката агенција на Нов Зеланд, пренесуваат агенциите.

Објавено е и предупредување за цунами. Агенцијата за вонредни состојби на Нов Зеланд ѓи повика сите жители, што се во близина на брегот, веднаш да се упатат на повисоки места. Земјотресот траел околу една минута и досега нема информации за евентуални жртви.

Share
Scroll to Top