Комората на сметководители повторно бара поместување на роковите за финансиски извештаи по примерот на европските земји.
Анкетата што ја направила Комората на сметководители меѓу своите членови покажала дека речи 65 отсто од сметководителите биле заболени Ковид-19 или биле во изолација поради контакт или заболен член на семејството.
Во такви услови, велат од таму, е јасно дека не е возможно работата да се одвива непречено и повторно се поставува прашањето дали ќе се донесе разумна одлука за роковите за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи да се усогласат со европските држави или и понатаму ќе продолжи да се гази достоинството на оваа значајна професија.
„Сумарните бројки покажуваат дека дури кај 64,8% од сметководители, се изјасниле дека се соочиле во сериозно нарушување на текот на работењето поради вирусот. За какви статистички податоци кон Европската Унија зборува министерот, кога поради нивната игнорантност години наназад цела професија тивко умира и просекот на возраст на лицата во професијата е над 50 години“, изјави Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората на сметководители.