Ибрахимовиќ: Ќе останам во Милан ако Паоло Малдини го сака тоа

Ибрахимовиќ: Ќе останам во Милан ако Паоло Малдини го сака тоа

пред 4 години

Златан Ибрахимовиќ ги заврши обврските со музичкиот фестивал Санремо, по што го следеше својот Милан како стигнува до 2:0 победа над Верона, изјавувајќи дека би сакал да остане во тимот доколку спортскиот директор Паоло Малдини го сака тоа.

„Чувствувам одговорност како лидер. Овој тим е единствениот кој ме возбудува. Сакам да ги научам, да им бидам водич. Кога ќе кажам нешто да го прават тоа. Денеска сакав да бидам во Верона, го чувствував тоа внатре. Кога ќе поминам еден ден без нив како да сум без моите синови. Дали ќе останам уште една сезона? Не знам, ќе видиме. Ако Паоло го сака тоа, и јас го сакам тоа. Сезоната е долга, има уште мечеви“, вели Ибрахимовиќ.

Share
Scroll to Top