Хабиб разочаран: Конор ми се правдаше, за да не изеде вистински ќотек

Хабиб разочаран: Конор ми се правдаше, за да не изеде вистински ќотек

пред 3 години

УФЦ „царот“ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов открива дека бил „разочаран“ од перформансите на Конор Мекгрегор во нивната пресметка на УФЦ 229 во октомври 2018, бидејќи го сметал Ирецот како „менално силен противник“.

Нурмагомедов и Мекгрегор се сретнаа во Лас Вегас во 2018 по неколку месеци брутални расправии во кои Ирецот се потсмеваше со религијата, традицијата и квалитетите на Дагестанецот, но шампионот го покажа своето во октагонот, доминирајќи во четири рунди, пред Мекгрегор да се предаде.

„Зборовите на Конор? Да, тој зборуваше многу и во текот на мечот, кога почнав да го казнувам се префрли на муабетот: ‘Ова е само бизнис’. Дури бев малку разочаран, бидејќи сметав дека е ментално посилен. Кога го имав на подот, тој ми одговори дека се работи само за ‘бизнис’, како да сакаше да ме смири да не изеде вистински ќотек, како син кој се правда пред налутениот татко. Психологијата е чудна работа“, вели Нурмагомедов.

Мекгрегор се враќа во УФЦ на 23 јануари против Дастин Поаире на УФЦ 257, а Нурмагомедов инсистира дека е во пензија и дека нема шанси да се дојде до римеч со Ирецот.

Share
Scroll to Top