Почетино му порача на Мбапе дека „мора да биде подобар“

Почетино му порача на Мбапе дека „мора да биде подобар“

пред 3 години

Маурисио Почетино имаше разочарувачки старт на кариерата како тренер на Пари Сен-Жермен со 1:1 ремито кај Сент-Етјен, по што му порача на вториот најскап фудбалер на светот, Килијан Мбапе дека „мора да биде подобар“ како дел од ноата ера на „Паркот на принцовите“.

„Килијан мора да се подобри, како сите други во тимот. Треба да биде разочаран бидејќи не победивме и секогаш може подобро. Сепак, задоволен сум до неговиот однос кон играта и тоа што го направи“, вели Почетино.

Шпекулациите во француските медиуми велеа дека со „строгиот“ однос на почетокот Почетино нема да направи многу пријатели меѓу своите играчи, и капитенот на клубот, Маркињос вели дека  потребно време да се добие влијанието.

„Промени? Да, иаше промени, тоа е нормално, но работите не се менуваат одеднаш. Тренерот јасно ни порача што мисли, се обидовме да се адаптираме на неговата филозофија и да го заддржиме идентитетот. Мислам дека како ќе минува времето, работите ќе дојдат на своето место и ќе играме подобро“, вели Бразилецот.

Почетино терал дисциплина на првиот тренинг, медиумите му предвидуваат брз отказ

Share
Scroll to Top