Милан во 91. минута се спасуваше од пораз од Парма

пред 3 години

Милан пропушти да се одвои пет поени на врвот на табелата во Серија А, откако во последните минути од мечот стигна до 2:2 реми со Парма, останувајќи како втор италијански клуб без пораз оваа сезона, покрај Јувентус.

Ернани уште во 13-тата минута им даде гол на Милан, најавувајќи дека гостите се тука да се натпреваруваат, а „росонерите“ немаа среќа кога во 23. минута им беше поништен голот на Саму Кастилехо поради офсајд. Јасмин Куртиќ во 56. минута зголеми на 0:2, но Тео Ернандез бргу врати само две минути подоцна за да остави надеж дека е можен пресврт, за во 91. минута пак Шпанецот да биде спасител на .

Милан остануваат први со 27 поени, три пред Интер и четири пред Наполи и Јувентус, најавувајќи интересна борба за скудетото оваа сезона. Парма се на 14. место со 11 поени.

Share
Scroll to Top