Барди: Во првиот дел бевме како Барса, а потоа….

Барди: Во првиот дел бевме како Барса, а потоа….

пред 11 месеци

Енис Барди постигна гол од пенал за водство, а потоа и Елиф Елмас се надоврза со убавец од далечина. Македонија имаше 2:0 на полувреме против Украинците, а на крајот загуби.
Како е тоа можно, не можеше да објасни ниту Енис Барди после мечот.

„Не знаете колку лошо се чувствувам. Ги имавме во раце Украинците, а потоа одеднаш како да се загубивме на теренот. Ни недостигаше фокус, а тоа Украина го искористи. Не знам што се случи. Игравме како Барса шеесетина минути и потоа пак со тој наш менталитет дозволивме да загубиме. Едноставно секој треба да преземе одговорност за себе и мораме да се подобриме“, изјави Барди.

Утре македонскиот национален тим патува за Манчестер каде в понеделник ќе игра против селекцијата на Англија.

Share
Scroll to Top