Познатата италијанска модна куќа „Dolce & Gabbana“ (D&G) поднесе тужба против двајца американски модни блогери пред италијанскиот суд.
Модната куќа посочи и барање за компензација во износ од 600 милиони долари, бидејќи тие му ги припишале негативните коментари насочени против Азијати на еден од креаторите на D&G, што предизвика бојкот на купувачите од Азија.
Тужбата беше поднесена на суд во Милано во 2019 година, но јавноста дозна за целиот случај дури оваа недела, бидејќи обвинетите блогери ја објавија оваа информација на својот профил на Instagram, кој го следт голем број луѓе поради остри коментари и остри критика на неоригинални и неинвентивни модни дизајнери, објави АП.
Модните дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана прво тврдеа дека им е хакирана интернет-сметката, но подоцна му се извинија на кинескиот народ со видео порака.
Јавно извинување (до кинескиот народ) и тивката тужба против блогерите се контрадикторни, рече Сузан Скафиди, директорка на Модниот институт на Правниот факултет „Fordam“, која ја координира работата на правните застапници на двајцата блогери.
Никој од модната куќа „Dolce & Gabbana“ не сакаше да го коментира овој случај.