Најмалиот хотел во светот се наоѓа во Баварија. Сместен е на 53 квадратни метри и во него можат да бидат сместени само две лица.
Хотелот „Eh’häusl“ се наоѓа го баварскиот град Амберг. За разлика од другите хотели, кои се пространи, грандиозни, со големи сали и убаво уредни соби, „Eh’häusl“ не ги исполнува ниту еден од овие критериуми.
Во него е невозможно да се организираат деловни конференции, ниту пак може да прими многу гости, затоа е и единствен во светот. Во него гостите спијат во соби во кои кога ќе се испружите со рацете и нозете ги допирате двата ѕида.
Приказната за тоа како настанат е интересна. Во слободен превод овој хотел се нарекува „куќа на бракот“. Објектот датира од 1728 година и бил изграден со специфична намена.
За да една двојка може да се венча во тоа време, било потребно двајцата да поседуваат имот. Но, за оние кои не можеле да си дозволат да купат имот, тука бил хотелот „Eh’häusl“.