(Видео) Откако едвај полета од Скопје, Лила леташе со балон во Кападокија 

(Видео) Откако едвај полета од Скопје, Лила леташе со балон во Кападокија 

пред 3 години

Откако едвај полета од аеродромот во Скопје, Лила Филиповска стигна во Кападокија во Турција. Таа леташе со балон и ги пренесе своите впечатоци:

„Дури денес ми стана јасно зошто луѓето од целиот свет доаѓаат во Кападокија. Постојат многу начини да се доживее адреналин, но тврдам дека ова е еден од најубавите. Изгрејсонце на кое според легендата играат самовилите во “Долината на љубовта” нестварен поглед на чудото на природата и чувството дека лебдиш е причина ова доживување никогаш да не го заборавиш.

Најбитни се временските услови. Најголем непријател ветрот. Пред две години со мојот другар  не успеав да летам ама овојпат ме посака среќата. Времето беше идеално како пролет и многумина како мене уживаа. Во моментов тука има 250 балони од 25 компании а сѐ започнало со само еден балон на еден шведски брачен пар во 1991. Останатото е историја“, вели Лила

Таа вчера се пожали  дека не може да полета зарди густата магла, па со саати седеше заглавена на аеродромот во Скопје.

Share
Scroll to Top