Водителката Снеже Велков го прослави 39. роденден на плажа во Охрид. Таа напиша дека 38 години сонувала да го прослави роденденот на плажа и дека конечно сонот ` се исполнил.
Снеже сподели и фотографии од раните 80-ти кога била мала и на сликата e заедно со татко ѝ. За потсетување, таа пред неколку години се повлече од медиумите и стана пилатес-инструкторка.