Пејачот Владо Георгиев преку „Твитер“ ја навреди премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Тој ѝ го честита денот на жената, но потоа напиша дека се шегува, оти според него, Брнабиќ не е женско.
„Среќен 8 март Ана Брнабиќ. Се шегувам. Среќен 8 март на сите жени на ‘Твитер’, љубов за дамите“, напиша тој.
Неговата порака наиде на осуда и некои жени му напишаа дека воопшто не е смешна. „Само покажа дека немаш способност да ги разбереш и прифатиш правата на родовиот идентитет и правата на определување“, му одговорија.

„Приметувам дека бројни јавни личности се претставуваат како наводно прогресивни и со либерални станови, а потоа низ некаков коментар покажуваат што навистина мислат, особено ако се работи за некое политичко определување. Сè на сè, ниту е духовито, ниту е интелегентно, напротив дискриминирачко е“, изјавила српската министерка за европски интегрции, Јадранка Јоксимовиќ.
Ќе ви се допадне
Naruto Episode 220 at AniWatch animes online
Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen (Dub) Episode Preview at AnimeFreak boku no hero academia animefreak
Би можело да ве интересира
Аца Лукас со новата девојка на забава кај Ацо Пејовиќ
Петар Заборски освои златен медал на Eвропското универзитетско првенство во Загреб
Даниел Кајмакоски се ожени по вторпат: Tи си сè што сум посакувал
(Видео) Жена која е зависна од брак, ја запросиле 28 пати, а се омажила 10 и вели дека нема намера тука да сопре
Брз колач со пудинг и бисквити
(Фото) Тамара Тодевска има нова тетоважа
