Петар Заборски освои златен медал на Eвропското универзитетско првенство во Загреб

Петар Заборски освои златен медал на Eвропското универзитетско првенство во Загреб

пред 10 месеци

Петар Заборски е европски универзитетски карате првак. Тој во финалето на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб славеше со 2-0 против Констатнтин Јаненко од Украина.

За студентот на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола ова е втор златен медал во третото студентско финале. Во Коимбра, Португалија, 2015 година освои златен медал, а во Загреб 2017-та се закити со сребрен медал.

Ова е четврти медал за македонските студенти – Давид Петков и Петар Спасеновски освоија бронзи, а машкиот кумите тим на „Свети Кирил и Методиј“ се бори за второто злато против украинска екипа.

На Eвропското универзитетско првенство на боречки спортови, кое се одржува во Загреб учествуваат 1.500 спортисти од 395 универзитети од 30 европски држави.

Share
Scroll to Top