Менџерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека неговиот тим, во иднина, кога работите повторно ќе бидат нормални, ќе бележи одлични резултати.
Арсенал се наоѓа на 10.место во Премиер лигата, во ФА купот испаднаа од Саутемптон. Надежите на Арсенал, оваа сезона се во Лига Европа. Вечерва, клубот од Лондон ќе игра во осмина-финалето против Олимпијакос.
„Овој проект ќе експлодира“, убеден е Артета.
„Понекогаш е тешко тоа да се види, но јас точно знам каде одиме. Створивме силен тим, постои силна врска помеѓу играчите, навивачите и стручниот штаб. Тоа ќе ни се исплати во иднина, кога работите повторно ќе бидат нормални. Секако за да се докажате пред другите потребно е да победувате“, заклучил Шпанецот.
Арсенал, во првиот осмина-финален меч, вечерва од 21 часот ќе гостува кај Олимпијакос.