Почина Горан Гаврилов, сопственик на радиото „Канал 77“

пред 4 години

На 54-годишна возраст, по кратко боледување, почина Горан Гаврилов, сопственикот на националното радио „Канал 77“.

Tој починал во приватна болница во Скопје.

Гаврилов беше долгогодишен истакнат медиумски работник, а беше и основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија.

Тој активно учествуваше во иницијативите за регулирање на електронските медиуми во земјава.

Радио „Канал77“ започна со работа на 4 октомври 1991 година, а во периодот од 1995—1997 година гради мрежа за покривање на на Македонија.

Share
Scroll to Top