Официјално излезе видео записот за песната „Локо Локо“ на групата „Хурикејн“, која ќе ја претставува Србија на „Евровизија 2021“. Автор на видео записот е познатиот режисер Дејан Миличевиќ.
Девојките од групата „Хурикејн“ под видео-спотот се заблагодарија на сите што помогнале да се изработи овој проект.
„Големо благодарност до сите луѓе што учествуваа во изработката на песната и спотот. Се надеваме дека ќе ја претставиме нашата земја на најдобар можен начин. Ние ќе дадеме се од себе да ви го дадеме најневеројатниот перформанс на Евровизија годинава. Уживајте во слушање на оваа песна колку што уживавме додека ја правевме“, напишаа тие под објавата.
„Хурикејн“ најпрво објавија тизер за да го најават излегувањето на спотот, но во коментарите веднаш се појавија негативни критики. И не поради песната, туку поради самиот спот, чиј автор е Миличевиќ.
„Спот на ‘ураганки’ изгледа евтино. Бугарска продукција т.е Дејан Милиќевиќ 100%. Слабо ја препознавам музиката, но го препознавам стилот на Дејан Милиќевиќ. Секогаш има некоја доза на футуризам мешана со невкус“, се само некои од негативните коментари.
Коментариве не му се допаднаа на Милиќевиќ кој порача да се погледнат во огледало пред да коментираат.
„Едвај чекав ‘хејт клубот’ да ги растегне своите прсти, да ја напрегне само едната мозочна жица која ја има, за да ја хејта мојата работа за спотот на групата „Хурикејн“. Прво пред огледало, па потоа гледајте во својот двор“, напиша Миличевиќ.
/www.instagram.com/embed.js”>