Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано смета дека никој не треба да го обвинува Кристијано Роналдо за новиот неуспех на Јувентус во Лигата на шампиони. Италијанецот смета дека португалскиот ас направил се што е до него, но едноставно, клубот од Торино не е меѓу најголемите европски клубови.
„Смешно ми е кога ќе видам дека некои луѓе се сомневаат во Роналдо, кој петпати беше најдобар фудбалер во светот, и има уште толку трофеи во ЛШ, постигна најмногу голови во ова натпреварување во историјата. Едноставно – Роналдо и Јувентус се две различни работи. Роналдо не крал на ЛШ, а Јуве нема трофеј веќе 26 години. Тоа не е поради Зидан, Роналдо, Игуаин или кој и да е друг. Јуве едноставно нема статус на голем европски клуб како Ливерпул, Баерн, Милан“ рече Касано во поткаст на еден од италијанските медиуми.
Тој смета дека Јуве ќе продолжи да победува во Серија А затоа што е финансиски најмоќен.
„Јуве секогаш ќе победува во Италија затоа што има економска моќ и стил на фудбал на кој му одговара триумф од 1:0. Но во Европа секогаш го доживува истото“ смета екс-италијанскиот фудбалер.