Четири лица загинаа денес кога воен авион „АН-26“ кој леташе од главниот град на Казахстан Нур-Султан се сруши при слетување во Алмати.
За време на несреќата во авионот имало шест лица, пренесува Ројтерс.
Во соопштението на Министерството за вонредни состојби на Казахстан се вели дека според прелиминарните податоци, во несреќата починале четири лица, а две се хоспитализирани.
Руските агенции повикувајќи се на неименуван извор, наведуваат дека авионот и припаѓал на казахстанската гранична служба.
Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека авионот се превртел и се запалил, пишуваат руските медиуми.