(Видео) Со лисици на раце Орце Камчев одведен во затворот во Шутка

пред 4 години

Определен 30 дневен притвор за Орце Камчев поради опасност од бегство.

Тој ќе биде спроведен во истражниот затвор “Скопје” во Шуто Оризари.

Бизнисменот Орце Камчев по излегување од судот, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална безбедност.

Одговарајќи на новинарско прашање дали планирал бегство, Камчев одговори “Ма какво бегање”.

Камчев е спроведен во притвор во затворот во “Шутка”, каде треба да одлежи 30-дена. Од судот беше изнесен со лисици на рацете, кои ги криеше со парче облека.

“Обвинител побара денеска на Јордан Камчев, поради некаква индиција да му се определи 30 дневен притвор“.

Претходно беше успсен во раните утрински часови поради наводна изборна измама.

„Господинот Камчев не може да ја напушти Македонија бидејќи нема пасош. Ова е злоупотреба од политички актери, ова е срамота”, рече адвокатот на Орце Камчев.

Обвинителката Лиле Стефанова која го застапува предметот поврзан со плацевите на Водно и која побара притвор за Орце Камчев, без да даде изјава, од гаражите, го напушти Кривичен суд. Таа излезе со службено возило на Обвинителството.

Share
Scroll to Top