560 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ земјата

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона-вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 560 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 326 пациенти позитивни и суспектни на вирусот, додека пак во болниците во главниот град тој број е 234.

Исто така во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 18 нови пациенти поради компликации со Ковид-19.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 21 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 18 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 20, во ковид-центарот во Гостивар 15, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 6, во Кичево 8, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Share
Scroll to Top