Дамир Џумхир неславно го заврши учеството на турнирот во Акапулко. Тенисерот од Босна и Херцеговина, во финишот на првиот сет доби дисквалификација. Наводно го пцуел судијата.
Џумхур, 125 на АТП листата, настапи во квалификациите на турнирот во Акапулко. Во мечот против Ботик ван де Зандшлуп, при резултат 6.5 за Холанѓанецот, судијата му додели дисквалификација на Џумхур. Дури и пред да биде дисквалификуван Џумхир сам го напушти теренот. Ова се случувало во моментот кога Ван де Зудшлуп направил брејк за 6:5.
Што точно Џумхур му кажал на судијата, веројатно никогаш нема да се дознае. Некои медиуми тврдат дека му се заканувал на судијата.
Организаторите соопштија дека Џумхур бил дисквалификован поради неспортско однесување.