Ањели му се заблагодарил на Суарез за поминувањето на италијанскиот тест

Ањели му се заблагодарил на Суарез за поминувањето на италијанскиот тест

пред 4 години

Италијанскиот весник „Ла република“ објави дел од сведочењето на Луис Суарез во истрагата за наводната помош која ја добил од Јувентус при полагањето на испитот за италијански јазик за добивање на пасош од оваа земја пред неостварениот трансфер во Јувентус.

Тогаш како фудбалер на Барселона, Суарез доби дозвола да преговара со други клубови и беше на чекор до потпис со Јувентус, пристигнувајќи во Перуџа на „итен“ тест за државјанство во септември, но трансферот не се оствари и тој замина во Атлетико Мадрид.

Според италијанските медиуми, Уругваецот ги знаел сите прашања, кои му биле доставени со помош на Јувентус, а под истрага се спортскиот директор на клубот, Фабио Паратичи, како и ректорот на Универзитетот во Перуџа, каде што се изведуваше тестот.

„На крајот на август, на почетокот на септември ме повикаа Павел Недвед и Фабио Паратичи. Јас бев заинтересиран за трансфер во Јувентус, по што мојот адвокат беше одговорен за преговорите. Зборував со Јувентус веднаш по тестот, Паратичи ми се јави уште на аеродром да ми каже дека сум направил најдобар избор. Два дена подоцна, претседателот Андреа Ањели ми се јави да ми каже дека му е жал што преговорите не завршиле добро и ми се заблагодари за тоа што го направив со тестот“, се вели во сведочењето на Суарез.

Јуве под истрага за тестот на државјанство на Луис Суарез

Share
Scroll to Top