Македонските тенисери против Малта го играат 100. меч во Дејвис купот

Македонските тенисери против Малта го играат 100. меч во Дејвис купот

пред 11 месеци

Репрезентацијата на Македонија ќе го има своето 28. учество во Дејвис купот, а денеска против Малта нашите тенисери ќе го одиграат јубилејниот 100. меч. Досегашниот ефект е 56 победи и 43 порази, со три меча кои не беа одиграни бидејќи немаа резултатско значење (2003 – Молдавија, 2004 – Монако и 2005 – Данска).

Против репрезентацијата на Малта нашите тенисери досега имаат две победи во исто толку мечеви во рамките на Третата зона од Дејвис купот.

Според правилата на Дејвис купот, во Третата зона се играат два сингл меча и потоа еден дубл. Тоа значи дека први на терен ќе се појават второрангираните играчи од репрезентациите, потоа играат прворангираните, а на крајот дубловите. Во нашиот случај прв би требало да игра Обрад Марковски, потоа Калин Ивановски, а најверојатно во дубл ќе настапат Ивановски и Берк Бугариќ бидејќи заедно играа и на Macedonian Open и на фјучерсот во Скопје.

За репрезентацијата на Малта пријавени се играчите: Лиам Деликата (роден 2001), Алекс Деграгиеле (2004), Лукас Двајн Пуликиано (2007) и Марк Гат (1978) и ниту еден нема ранг.

Покрај мечот Македонија – Малта од Б групата денеска во Ларнака во рамките на првото коло од групите играат уште Кипар – Молдавија (Б група) и Естонија – Црна Гора (А група), додека слободна е селекцијата на Сан Марино.

 

Share
Scroll to Top