Фјури и Џошуа нема да се соочат оваа година?

Фјури и Џошуа нема да се соочат оваа година?

пред 3 години

Мечот помеѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа за титулата „апосултен првак во супер тешка категорија“, најверојатно нема да се одржи оваа година. Промоторот на Фјури, Боб Арум, рекол дека преговорите за борбата во Саудиска Арабија, се далеку од завршени и дека двајцата боксери, до крајот на годината, треба да си најдат нови ривали.

„Многу работи не се договорени. Најважното не е договорено, а тоа се бордкастер правата. Тие преговори би можеле да траат со месеци. Невозможно е борбата да се одржи во јули или август“, реко, Арум.

Оваа изјава на промоторот на Фјури е спротивна од онаа која ја даде минатата недела, кога тврдеше дека мечот сигурно ќе се одржи ова лето.

Борбата помеѓу Фјури и Џошува е најавена како „најбогатата“ во историјата на боксот.

Share
Scroll to Top