„Видиќ и јас имавме жестоки расправии на теренот“

„Видиќ и јас имавме жестоки расправии на теренот“

пред 4 години

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд раскажа дека имал многу расправии со неговиот партнер во одбраната на „црвените ѓаволи“, српскиот ас, Немања Видиќ додека кормилар на клубот беше Дејвид Мојс.

Рио рече дека Мојс имал поинакви идеи за разлика од неговиот колега во последната линија.

„Да бидам фер, имав неколку жестоки дискусии со него, ќе бидам искрен. Имаше неколку `жешки` разговори меѓу мене, Вида и Мојс. Не се согласувавме околу некои работи и начинот на кој тој сакаше да играме. Во прашање се дефанзивни поставки. Верувам дека Мојс имал несогласувања и со многу други фудбалери, не бевме првите, сигурно нема да сме ниту последните“ рече Фердинанд.

Постои мит за тоа како Мојс ги советувал Видиќ и Фердинанд да гледаат видеа од тогашниот дефанзивец на Евертон – Фил Јагијелка.

„Не знам од каде дошло тоа, но такво нешто не се случило. Фил Јагијелка беше многу добар играч, сигурен сум дека Мојс не би ни покажувал негови видео снимки. Тоа е една луда приказна. Некој тоа го сонувал, па настанал митот“ одговори Фердинанд за британските медиуми.

Share
Scroll to Top