Хофенхајм го освои Менхенгладбах, продолжи мизеријата на Шалке

Хофенхајм го освои Менхенгладбах, продолжи мизеријата на Шалке

пред 3 години

Пет натпревари се одиграа попладнево во Будес лигата, на кои домашните тимови не забележаа ниту една победа. Гостите победија на четири натпревари, а едниствениот бод за доманите тимови го освои Лајпциг.

Келн го приреди најголемото изненадување, со освоениот бод во Лајпциг. Натпреварот заврши без голови.

Вердер ја прекинаа лошата серија со победата во Мајнц. Единствениот гол го постигна Динкци во 90.минута.

Шалке продолжи да урива негативни рекорди. Екипата од Гелзенкирхен 29 натпревари не знае за победа во Бундес лигата. Ниту новиот тренер не успеа да „внесе живот“ во тимот на Шалке. Арминија победи со голот на Клос со 1:0.

Ајнтрагт славеше во Аугсбург со 2:0. Авто-гол си постигна Фромбенгер, а победата на Ајнтрахт ја потврди Инсакер.

Хофенхај успеа да слави во Менхенгладбах 2:1 со головите на Крамариќ и Сесињон. Единствениот гол за Борусија го постигна Штиндл од пенал. Директен црвен картон во 79.минута доби играчот на Борусија Турам.

Share
Scroll to Top