Диего Симеоне и сите фанови на Атлетико Мадрид имаат право да се лутат откако на „Стемфорд бриџ“ во вториот меч од осминафиналето на ЛШ против Челси не им беше досуден очигледен пенал, за неколку минути подоцна да примат гол и да губат со 1:0 (вкупно 2:0).
Ниту судиите на теренот, ниту ВАР-собата не виде ништо погрешно во влечењето на Јаник Караско од страна на Цезар Азпиликуета – ВАР воопшто не го разгледуваше инцидентот. Иако не се работеше за груб фаул, капитенот на Челси јасно ја повлече раката на Караско кој трчаше кон голот, нешто што вообичаено е пенал.
Azpilicueta – Carrasco@zawodsedzia, opinia#CHEATMpic.twitter.com/ypCbdW1806
— Kamil Rogólski (@K_Rogolski) March 17, 2021