Вдовицата на Коби Брајат ги откри имињата на несовесните полицајци

Вдовицата на Коби Брајат ги откри имињата на несовесните полицајци

пред 4 години

Ванеса Брајант, вдовицата на НБА легендата Коби Брајант, кој трагично настрада во хеликоптерска несреќа пред 14 месеци, откри детали од тужбата што ја поднела против градот Лос Анџелес. Во тужбата се наведени и имињата на седумте полицајци кои вршеле увид на местото н несреќата. Покрај Коби Брајант, во хеликоптерската несреќа, настрадаа неговата ќерка Џијана и уште седум други лица.

Ванеса Брајнт поделила 12 постови на Твитер, со своите 14,4 милиони следбеници. Сите тие можеле да ги видат имињата на полицајците кои објавувале фотографии од местото на несреќата.

Според неа само шерифот Алекс Вилануева со својот телефон направил помеѓу 25 и 100 фотографии. На некои од нив се гледаат посмрните останки на патниците.

Фотографиите не биле употребени во полициската истрага туку се делеле низ полициската станица.

 

Share
Scroll to Top