Предводникот на Палмерирас за астрономска плата се сели во Катар

Предводникот на Палмерирас за астрономска плата се сели во Катар

пред 5 месеци

Катарскиот Ал Сад ќе го има третиот најплатен тренер на планетата.

Како што пренесуваат португалските медиуми, Абел Фереира го напушта Палмеирас и заминува во Катар каде ќе заработува 20.000.000 евра по сезона.

Пред него ќе бидат само Диего Симеоне, кому Атлетико Мадрид му плаќа по 34.000.000 по сезона (овој договор важи до крајот на сезоната) и Пеп Гвардиола чија годишна плата во Манчестер сити е 22.000.000 евра.

Фереира има 44 години, првата самостојна работа во кариерата ја имаше во Брага, а потоа го предводеше ПАОК.

На клупата на Палмеирас е од 2020 година, постигна голем успех со овој бразилски тим и освои две титули во Копа Либертадорес.

Неколку пати беше во изминатиот период се поврзуваше и со селекторската позиција во репрезентацијата на Бразил, но покрај една ваква финасиска понуда тоа сигурно нема да се случи.

Share
Scroll to Top