Јокиќ ги пропушта ОИ?

Јокиќ ги пропушта ОИ?

пред 3 години

Денвер Нагетс ја завршија сезоната во НБА лигата. Финикс Санс, со четири победи, во исто толку натпревари, ги испратија Нагетс на годишен одмор.

Лидерот на Денвер, МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ, четвртиот меч го заврши во 28.минута. Тој беше исклучен поради груб прекршок врз Камерон Пејн.

Јокиќ, во регуларниот дел од сезоната ги одигра сите 72 натпревар, а во плеј-офот одигра дополнителни 10 натпревари. Тој сега треба да донесе одлука дали ќе игра на Олимписките игри, доколку Србија успее да се пласира преку квалификацискиот турнир.

„Не знам. Само што ја завршив сезоната, се уште ништо не знам“, рекол Јокиќ.

Квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри ќе се одржи во Белград од 29.јуни до 4.јули.

Share
Scroll to Top