Ѓоковиќ се скара со публиката, па го победи Грикспор

Ѓоковиќ се скара со публиката, па го победи Грикспор

пред 6 месеци

Foto/ EPA

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Париз со победата на Холанѓанецот Талон Грикспор.

Мечот во Берси траеше повеќе од два и пол часа, беше решен по три сета со резултат 2:1 (4:6, 7:6, 6:4).

Ѓоковиќ се намачи со одличниот Грикспор, но во текот на мечот водеше битка и со самиот себе, бидејќи беше очигледно дека не е во најидеалната физичка кондиција.

Добро почна, направи брејк, водеше со 4:2 и потоа потоа. Грискпор освои четири гема во низа и го доби првиот сет.

Во вториот, Ѓоковиќ не искористи три топки за брејк, Холанѓанецот една, па тенисерите влегоа во 13.гем. Сите во светот знаат дека во тај-бреот Ѓоковиќ секогаш е фаворит. Одигра маестрално и со 7:2 изедначи на 1:1.

Третиот сет наликуваше на првиот, Ѓоковиќ со брејк дојде до 4:2, на 4:2 и 40:30 промаши еден лесен форхенд. Се играше на разлика и Грикспор успеа да го врати брејкот.

Влезе во расправија со публиката, која му дофрлеше помеѓу двата сервиси. Кога го загуби гемот им даде аплауз, а тој од нив доби свирежи.

Грешка! Познато е како реагира Ѓоковиќ кога ја има против себе публиката. Направи брејк со нула, а потоа имаше перфектен гем на свој серис и се пласираше во 11. четвртфинале на Мастерсот во Париз.

Следен противник ќе му биде победникот од мечот Алтмаер-Руне.

Share
Scroll to Top